Забраната не ги спречи автомобилите на Водно
Забраната за движење на автомобили на планината Водно за време на викендите и празниците и натаму не се почитува целосно, па така и во текот на изминатите денови се забележани поголем број на автомобили на познатото излетничко место.
Градот Скопје од пред еден месец воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно која ќе важи секој викенд и за време на државните празници, и тоа во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно, се со цел намалување на загадувањето.
Сепак, за време на изминатиот викенд се фотографирани многу автомобили на Водно и покрај забраната и високите казни.
Слично
