Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Врнежи од снег има во повеќе градови

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Врнежи од снег има во повеќе градови

Oд седум часот утрово е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Дебар преку Маврово. 

Причина се врнежите од снег.  Авто мото сојузот на Македонија информира дека врнежи од снег има и во Тетово, Маврово, Попова Шапка, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Железнец, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека.

Намалена видливост од 10 до 15 метри поради магла има на Попова Шапка. 

На останатите патишта низ Maкедонија сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози. 

Слично

Поврзани вести