Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забрана за работа за агенцијата која измами студенти за работа во Германија

Забрана за работа за агенцијата која измами студенти за работа во Германија

Државниот инспекторат за труд донесе решение за забрана на работата во работната просторија на Агенцијата за посредување при вработување во земјата и странство со наплата – „Венера“ од Битола, во траење од 30 дена и ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.

Вонредните инспекциски надзори беа извршени на 5.7.2017 година и на 14.7.2017 година по објавените информации дека група студенти биле измамени од страна на оваа агенција“, стои во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Група студенти се жалеа дека биле измамени од агенцијата, па наместо да отидат на студентска работа летово во Германија, тие останале во Македонија. Првин во јавноста излегоа студенти кои требало да работат во бутиците „Зара“, а потоа на нив им се приклучија и други на кои им била ветувана работа во ресторани како „Мекдоналс“ и „Бургер Кинг“. Тие бараа сопствениците  да им вратат по 250 односно по 150 евра.

Слично

Поврзани вести