Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забрана за камиони во делови од Западна Македонија

Забрана за камиони во делови од Западна Македонија

Забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево и обратно како и на превојот Ѓавато, информираат од  Авто мото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува насекаде, но не се задржува на коловозите.

Патниот правец Штип-Радовиш кај м.в.„Пилаф Тепе“, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин, е нормализиран. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Слично

Поврзани вести