Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забрана за камиони важи за еден патен правец

Забрана за камиони важи за еден патен правец

Забрана за камиони има на еден патен правец во земјава. 

Од превентивни причини  воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец  Дебар – Струга, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Во Македонија деновиве паѓаше снег, поради што имаше и лавина кај Бигорскиот манастир. 

Слично

Поврзани вести