Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забрана за камиони на овие патишта

Забрана за камиони на овие патишта

Снег паѓа во Македонија, при што има забрана за камиони на повеќе локации. 

Поради силните снежни врнежи, воведена е забрана за движење на камиони и на планинските превои Буково и Ѓавато.

„Од 13:20 часот се воведе забрана на патот Ресен – Битола на планинскиот превој Буково, а од 12:40 часот и на патот Битола – Ресен на планинскиот превој Ѓавато“, соопшти АМСМ.

Забрана за движење камиони, поради снежни врнежи, утрово е воведена и на патниот правец крак Маврово-Дебар, како и на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, како и на Стража.

Слично

Поврзани вести