Забрана за камиони на еден патен правец во земјава
Забрана за тешки товарни возила има на само на патниот правец крак Маврово - Дебар, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози на пониските места, а наместа влажни коловози на повисоките и осојничави места. Слаби врнежи од снег има само на Маврово и во севернозападниот дел во државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.
