Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заборавете на летување во Грција како порано: Војната ги крева цените и безбедноста веќе не е иста

Заборавете на летување во Грција како порано: Војната ги крева цените и безбедноста веќе не е иста

Доколку конфликтот во Иран продолжи, летувањето на Медитеранот – особено во Грција – може да стане значително поскапо, покомплицирано, па дури и потенцијално ризично, предупредуваат економисти и туристички експерти.

Според нив, кризата веќе има директно влијание врз цените, достапноста на услугите и интересот на туристите, а ефектите се чувствуваат низ целиот регион.

Една од клучните причини е енергетскиот шок, предизвикан од нарушувањата во снабдувањето со нафта. Затворањето на Ормуски теснец – преку кој минуваат околу 20 проценти од светската нафта – доведе до раст на цените над 100 долари за барел, со можност за дополнително зголемување.

Економистот Мохамед Ел-Еријан предупредува дека светот се приближува до „точка на пукање“, каде краткорочниот шок може да прерасне во долгорочна криза, со потенцијални цени и до 200 долари за барел.

Во пракса, тоа значи:

  • поскапи авионски билети
  • повисоки трошоци за патување со автомобил или автобус
  • раст на цените на сместување и храна

Туристичкиот сектор веќе ги чувствува последиците. Според податоци од индустријата, резервациите за Медитеранот опаѓаат, а некои дестинации бележат и до 40 проценти помал број на букинзи. Во делови од регионот како Кипар, откажувањата достигнуваат и до 100 проценти.

Иако Грција не е директно погодена од конфликтот, близината на кризата влијае врз перцепцијата на безбедноста. Дел од туристите веќе се пренасочуваат кон дестинации како Шпанија, кои се сметаат за посигурни.

Дополнителен фактор е засиленото воено присуство во источниот Медитеран, што може да влијае врз осигурувањето на патувањата и да ја зголеми неизвесноста кај туристите.

Организации како OECD предупредуваат дека војната дополнително ја поттикнува инфлацијата, која во развиените економии може да достигне околу 4 проценти.

Тоа значи:

  • поскапи хотелски услуги
  • повисоки цени на храна и пијалаци
  • раст на локалните трошоци и енергенси

За туристите од регионот, особено оние што традиционално летуваат во Грција, ситуацијата станува сè покомплицирана – горивото поскапува, аранжманите стануваат понеизвесни, а буџетите се намалуваат под притисок на инфлацијата.

Ако кризата продолжи, Медитеранот би можел да се соочи со една од најнеизвесните туристички сезони во последните децении, каде главното прашање веќе не е каде да се оди на одмор, туку – дали воопшто да се патува.

Б92

Слично

Поврзани вести