ЗАБОРАВЕТЕ НА ЕВТИНОТО ПАТУВАЊЕ: ЕУ воведува „солена“ давачка
Системот ETIAS е дизајниран да им го олесни патувањето на патниците во ЕУ и да ја подобри безбедноста.
Таксата за Европскиот систем за информации и авторизација на патувања (ETIAS), кој треба да започне со работа во последниот квартал од 2026 година, ќе биде 20 евра, наместо претходно најавените седум евра.
Европската комисија предложи зголемување на таксата ETIAS во обид да се усогласи со глобалните стандарди за патување и да одговори на зголемените оперативни трошоци. Прилагодувањето претставува значајна промена за граѓаните кои не се членки на ЕУ на кои не им е потребна виза за влез.
Системот ETIAS е дизајниран да им го олесни патувањето на патниците во ЕУ и да ја подобри безбедноста, вели Европската комисија. Тоа е електронско овластување за патување, слично на онлајн апликација што се проверува пред лицето да влезе во Шенген, пишува „Пословни дневник“.
Се очекува мерката да влијае на повеќе од 1,4 милијарди туристи и деловни патници од повеќе од 60 земји низ целиот свет. Таксата ETIAS се плаќа само еднаш. Овластувањето важи три години и дозволува неограничен број влезови во ЕУ или Шенген зоната. Лицата под 18 години или над 70 години ќе бидат ослободени од плаќање.
Бизпортал.рс