ЗАБЕЛЕШКИ ЗА БУГАРИЈА: Не ги спроведува одлуките на Стразбур за македонското малцинство уште од 2006 година
Бугарија не ги спроведува одлуките на Стразбур за македонското малцинство уште од 2006 година.
Бугарија е во врвот на државите на ЕУ кои имаат „многу сериозен проблем“ во имплементацијата на пресудите на Судот за човекови права, стои во најновиот извештај.
Ова стои во извештајот објавен минатата недела од Democracy Reporting International (ДРИ), во соработка со Европската мрежа за имплементација (ЕИН), за земјите-членки на ЕУ во кој се вели дека земјите-членки на ЕУ постојано не успеваат во целост да ги спроведат пресудите и од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и од Судот на правдата на ЕУ (СПЕУ).
Чекор напред е последниот извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа во кој се укажува дека Бугарија се уште не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права, оценува првиот човек на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков.
Стојков, во изјава за Канал 5, посочува дека Бугарија од 2016 година е ставена под силен мониторинг и била принудена да прави разни мерки за избегне казни, но не успеала во тоа.
Повеќе години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП и не дозволува да се регистрираат здруженија на македонското малцинство во Бугарија.
Во извештајот се вели дека 624 пресуди на Судот во Стразбур чекаат на целосна имплементација и дека тоа ја поткопува демократијата и владеењето на правото во ЕУ.
Романија, Унгарија и Бугарија се највисоко рангирани меѓу земјите кои се борат да ги спроведат одлуките на судот. Заедно со нив во групата се и Полска и Италија.
