ЗАБАРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА И АВТОБУСИ ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА: Без зимска опрема не излегувајте од дома
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, поради наноси од снег забрана за автобуси и тешки товарни возила се воведува и на граничниот премин Јажинце, додека остантите може да се движат со зимска опрема.
- Според информациите до ЦУК од АМСМ, поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила од 04:00 часот има на патот од Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар). Забрана за автобуси од 05:00 часот има на патниот правец Тетово-Попова Шапка, а за другите возила задолжителна е зимската опрема (ланци). Поради силен ветар големи наноси на снег на потегот од село Рогачево до Граничен премин Јажинце од 8:40 часот се воведува забрана за автобуси и тешки товарни возила а за останатите задолжителна зимска опрема.
Дополнително, забрана за тештки товарни возила од утрово се воведува и на патниот правец Струга - Ќафасан.
- ЈП Македонија пат поради интензивни снежни врнежи од 08:45 часот на патниот правец А2 Струга - Граничен премин Ќафасна се воведува забрана за тешки товарни возила - информира ЦУК.
Но, нема проблеми само по македонските патишта.
Снегот веќе создаде проблеми и со електродистрибутивната мрежа, проади што делови од Куманово, Битола и Скопје се без струја.
