Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ЖРТВИТЕ ОД НОВИ САД: Во српската амбасада во Македонија е отворена и Книга на жалост

ЗА ЖРТВИТЕ ОД НОВИ САД: Во српската амбасада во Македонија е отворена и Книга на жалост

Книга на жалост е отворена во просториите на амбасадата на Република Србија во Скопје, по вчерашната несреќа во Нови Сад каде се урна натстрешница од Железнична станица и каде загинаа најмалку 14 луѓе, меѓу кои и еден Македонец. 

Книгата на жалост ќе биде отворена до 4 ноември, во период од 12 до 18 часот, информираа од амбасадата.

Српската влада го прогласи денешниот ден за Ден на жалост во Србија.

Меѓу загинатите е и Васко Саздовски од Македонија – 45-годишен научник којшто работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството.

Слично

Поврзани вести