Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Жбогар „Рекет“ стана риалити шоу, има порака до судството

За Жбогар „Рекет“ стана риалити шоу, има порака до судството

Судството треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа, и за тоа има целосна поддршка од наша страна, порача денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Жбогар оцени дека случајот „Рекет“ е трансформиран во риалити шоу. 

„Судството веројатно сфаќа дека можеби ја има последната шанса да ја врати довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага на случајот „Рекет“, но и на сите други случаи на СЈО“, вели тој. 

Жбогар нагласи и дека острата реторика на политичарите што ја користат меѓусебно, но и во однос на судството, не само што ја еродира довербата кај граѓаните, туку и го труе општеството на кое очајно му треба  помирување.

Вели дека Европската унија базира на почитување на правилата и на законите и дека секој од елеемнтите во триаголникот „граѓани – држава – судство“, мора да ја знае и точно ја игра својата улога. 

Слично

Поврзани вести