За заменик на Чавков министерот Нухиу го предлага Горанчо Савевски
Дел од структурите на МВР предизвикаа многу штета на нашата држава и на дрмократските вредности а она што се случи во четвртокот во Собранието е големо зло.
За да ја поправиме оваа штета ќе биде потребно долго време и ангажман не само од сите служби на МВР туку и од другите институции како јавното обвинителство и судство, истакна министерот Нухиу на прес конференцијата.
„Формирав работна група составена од професионалци во Министерството, која има задача да утврди дали оперативниот штаб и организационите единици во МВР постапувале согласно утврдените процедури пропишани во министерството, за направени пропусти, пречекорувања на овластувањата или неизвршување на работните задачи и обврски“ , рече министерот.
Тој ги повика сите вработени во министерството и да доставуваат службени материјали за настанатите во Собранието од минатиот четрвток.
Министерот рече дека нема враќање назад и дека работите мора да се расчистат до крај а посочи и дека секој ќе одговара за своите постапки.
Нухиу до владата на РМ поднел предлог за разрешување Митко Чавков и од функцијата директор на Бирото за јавна безбедност.
Со писмена наредба назначил коордирантор на оперативниот штаб и тоа Горанчо Савевски кој е државен советник во БЈБ.
Министерот ги повика и охрабри вработените во МВР сите професионална да продолжат да си ја вршат работата бидејќи тие во иднина ќе бидат столб на институцијата.
