За жал немаше доволна ангажираност од Македонија, вели Борисов
За жал немаше доволна ангажираност од Македонија, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Тој рече дека ја поддржуваат Албанија за почеток на преговорите со ЕУ, но дека тоа не можат да го кажат за Македонија. Тој вели дека немало доволно ангажираност од наша страна и затоа одговорот е негативен.
„Подготвени сме да продолжиме разговорите и да работиме на исполнување на Договорот за добрососедство“, рече Борисов.
Тој имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама.
Првиот човек на Владата, Зоран Заев и претседателот на државата, Стево Пендаровски не чуствуваат одговорност за ветото на Бугарија.
Слично
