Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Законот за сведоци кој го бараше Катица Јанева гласаше и ВМРО-ДПМНЕ

За Законот за сведоци кој го бараше Катица Јанева гласаше и ВМРО-ДПМНЕ

Со 86 гласа „за“ денеска во Собранието беше усвоен Законот за заштита на сведоци, кој е дел од пакетот реформски закони. За Законот, кој беше предложен од Владата, гласаа и пратеници од опозицијата.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска, ја образложи оваа постапка на пратеничката група.

„Согласно предлозите кои ги давовме, вкупно 11 на број од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се направи интервенција во постоечкиот закон и можеме да кажеме дека правдата е задоволена. Ваквиот закон можеби не е идеален, но е подобар од оној што беше предложен на почетокот од страна на СДСМ“ – изјави Стаменковска.

Немаше гласови против и воздржани за ова законско решение. 

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева  уште од јануари 2016 година, бараше измени во Законот за заштита на сведоци, но поради несогласување на пратениците од ВМРО ДПМНЕ овие измени досега не беа изгласани. 

Слично

Поврзани вести