„За заедничка Македонија“: За нас Македонија е светост
Иницијативата „За заедничка Македонија“ вчера маршираше по 65-ти пат.
Велат дека ако за другите земјата е играчка, за нив е светост и дека ќе го бранат суверенитетот.
„Пред 65 дена тргнавме по нашиот пат. Патот за одбрана на суверенитетот на Република Македонија, патот за зачувување на Македонија, патот за мултиетничка, заедничка Македонија, по тој пат продолжуваме. Тоа не е патот на омраза и на насилство, туку е пат на љубов кон оваа земја“ - вели еден од организаторите на иницијативата, Богдан Илиевски.
Тој повика граѓаните да не наседнуваат на провокации.
Мршеви синоќа имаше во Штип, Куманово, Кавадарци, Велес и други градови.
Слично
