Економија, финансии, бизнис

Контакт

„За Заедничка Македонија“: Во оваа земја газда е народот а не бирократи од дипломатските мисии

„За Заедничка Македонија“: Во оваа земја газда е народот а не бирократи од дипломатските мисии

Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ која во четвртокот на суров и недоличен начин упадна насилно во Законодавниот дом и удри врз пратениците на СДСМ.

Од оваа иницијатива денеска во 17 часот ќе продолжат да протестираат со уште поголема енергија, воља и мотивација .

„Никој не смее да си игра играчки со оваа земја. Никој нема право и нема да му биде дозволено да го крши Уставот и да замислува дека незаконзки ќе избира Претседател на Собрание како да бира Претседател на Куќен совет. Ако за оние кои праќаат поддршка за нелегитимниот и незаконски т.н. претседател на Собрание Талат Џафери, ако за нив Македонија е играчка, за нас е светиња и со неа нема играње. Исто како што нема и со нас“, порачуваат тие.

Протести ќе има во повеќе градови.

Демонстрантите од оваа иницијатива не го признаат изборот на новиот собраниски претседател и „бараат институциите да покренат постапка за сите кои се обидоа да извршат Државен удар и вон СИТЕ процедури кршејќи го Уставот да бираат Претседател на Собранието“., потенцирајќи дека во оваа земја газда е народот на Република Македонија, а не бирократи од дипломатските мисии кои си го гледаат својот, а не интересот на граѓаните на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести