Економија, финансии, бизнис

Контакт

„За заедничка Македонија“ со предупредување до пратениците - Имате одговорност

„За заедничка Македонија“ со предупредување до пратениците - Имате одговорност

Од иницијативата „За заедничка Македонија“ на денешниот викенд собир во Градски парк упатија предупредувачки пораки до пратениците за нивните постапки бидејќи народот им го дал мандатот и народот може да им го одзеде.

- Бараме од сите политички чинители, веќе 34-ти ден по ред и ќе продолжиме уште колку и да треба, мора да се откажат од потписот за документ направен во соседна држава, документ кој што не и носи добро на Република Македонија на долгорочен план. Повторуваме бидејќи е тоа актуелно, пет дена не успеаја, поради активноста на луѓето на улици, бараме да се спречи избирањето на претседател на Собранието кој што претходно нема да се откаже од тиранската платформа и да ја отфрли нејзината суштина, затоа сме и викендов овде, во оваа редовна викенд алтернативна програма изјави Богдан Илиевски „За заедничка Македонија“. 


Слично

Поврзани вести