Економија, финансии, бизнис

Контакт

„За заедничка Македонија“ со музика се бори против „Тиранската платформа“

„За заедничка Македонија“ со музика се бори против „Тиранската платформа“

Граѓанската иницијатива За заедничка Македонија вчера наместо протести организираше во Скопје музички настан на кој е испратена порака дека Македонија треба да остане единствена.

Според зборовите на еден од организаторите Богдан Илиевски, иницијативата се противи на двојазичноста и бара отфрлање на „тиранската платформа“ без било какви изговори или обиди за нејзина имплементација.

Во гардскиот парк во Скопје настапија пеачот Даниел Кајмаковски и групата Паркети.

Граѓанската иницијатива За заедничка Македонија за викендите ќе организира музички настани.

Во изминатите 13 дена иницијативата организираше протестини маршеви во Скопје и во уште дваесеттина градови.

Протестите ќе продолжат и утре и како што истакнуваат нема да престанат се додека нивните барање на бидат целосно исполнети и Заев јавно не се откаже од „платформата од Тирана“ која според нив длабоко ја нарушува унитарноста на Македонија.

Слично

Поврзани вести