Економија, финансии, бизнис

Контакт

„За заедничка Македонија“ протестираше во триесеттина градови

„За заедничка Македонија“ протестираше во триесеттина градови

Граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“ синоќа го организираше 16-от протест во Скопје за како што велат зачувување на земјата и отфрлање на “Тиранската платформа“.

Учесниците во протестот повторија дека нема да се откажат од своите барања.

Протестот како и обично почна пред зградата на Владата а заврши ред Собранието.

Во текот на протестот, пред зградата на Собранието беше прочитан „Манифест за четврт Илинден“ на кој поддржувачите на овој протест повикуваат дека даваат глас за слободна, независна, и демократска Македонија и дека цел свет треба да слушне што содржи „Тиранската платформа“.

Протестите се организирани во 30-тина градови ширум земјава, помеѓу останатото во Охрид, Гевгелија, Кичево, Крива Паланка, Делчево, Кочани...

Слично

Поврзани вести