Економија, финансии, бизнис

Контакт

„За Заедничка Македонија“ од утре повторно на улица

„За Заедничка Македонија“ од утре повторно на улица

Приврзаниците на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ од утре повторно излегуваат на протести.

Денеска со посебен перформанс обележуваат 50 дена протести.

Игор Дурловски од иницијативата „За Заедничка Македонија вели дека утре продолжуват со протестите и додека не бидат исполнети барањата тие ќе протестираат.

„Денеска со еден симпатичен перформанс, одбележуваме 50 дена на улиците на Македонија, оваа 50-ка е обоена во црвено-жолта боја. Јас би сакал да кажам дека од утре продолжуваме исто така како и досега се додека нашите барања не бидат исполнети, а тие се, ќе ги повторам уште еднаш иако сите добро ги знаеме, да се повлече платформа која што е потпишана, направена, поддржана во странска држава и од странски премиер“, вели Дурловски.

Слично

Поврзани вести