Економија, финансии, бизнис

Контакт

„За заедничка Македонија“ од утре на протести, велат никој нема да си игра со Македонија

„За заедничка Македонија“ од утре на протести, велат никој нема да си игра со Македонија

Граѓанската иницијатва „За заедничка Македонија“ од утре продолжува со протестите. 

Во Скопје и во повеќе градови во Македонија утре во 17 часот тие повторно најавуваат протести за одбрана на унитарноста на државата и против Тиранската платформа.

„Горди сме на граѓаните кои во целиот изминат период покажуваат храброст, достоинство, чест и непокор пред неправдите. Граѓаните кои застануваат зад идејата „За заедничка Македонија“, идејата за суверена Република Македонија во која рамноправно, без уцени и дискриминации ќе живеат сите нејзини граѓани. Граѓаните кои нема да отстапат и кои се подготвени во оваа битка да одат до крај, до финалната победа! Никакви заплашувања, закани, навреди и разно-разни обиди за деморализирање на луѓето нема да им пројдат. Напротив, ни даваат уште поголема енергија, воља и мотивација за да продолжиме уште похрабро, уште поцврсто и уште понепокорно. Никој не смее да си игра играчки со оваа земја. Никој нема право и нема да му биде дозволено да го крши Уставот и да замислува дека незаконски ќе избира претседател на Собрание како да бира претседател на куќен совет. Ако за оние кои праќаат поддршка за нелегитимниот и незаконски т.н. претседател на Собрание, Талат Џафери, ако за нив Македонија е играчка, за нас е светиња и со неа нема играње. Исто како што нема и со нас“ - напишаа денеска на Фејсбук од граѓанската иницијатива.

Нелегитимниот Џафери заедно со квислинзите од тиранската коалиција не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме. Наместо да одат по демократскиот пат и да го почитуваат Деловникот, Законот за Собрание и Уставот, се решија да извршат државен удар и на сила да ја преземат власта, додаваат од иницијативата. 

Слично

Поврзани вести