Економија, финансии, бизнис

Контакт

„За заедничка Македонија“: Народот е тој кој ве ставил и ќе ве извади надвор од Собранието

„За заедничка Македонија“: Народот е тој кој ве ставил и ќе ве извади надвор од Собранието

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечера продолжија со протести во Скопје, од каде порачаа дека народот ќе ги извади од Собранието пратениците ако изберат претседател кој не се откажал од платформата на албанските партии. 

Велат дека оној кој се обидува да си игра со народот и да го лаже,  не е свесен во што се впушта. 

„Народот е тој кој ве ставил, народот е тој кој ќе ве извади надвор од Собранието. Црното сценарио за избор на претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа, нема да ви помине. Од ништо не се плашиме. Ништо нема да нè спречи, ниту ветрот, ниту снегот, ниту огнот“ - вели Дарко Мијалковски од иницијативата „За заедничка Македонија“. 

Бараат откажување од платформата која има антидржавни елементи. 

Порачаа дека никој нема право да ги менува националните обележја на Македонија и дека тие се сплотени. 

Ова е 40-ти ден како се протестира во Скопје. На овој протест повторно се појавија багери од кои се вееја македонски знамиња. 

Слично

Поврзани вести