Економија, финансии, бизнис

Контакт

„За заедничка Македонија“ бараат попис и нови избори

„За заедничка Македонија“ бараат попис и нови избори

Голем број граѓани попладнево повторно излегоа на протестот на иницијативата „За заедничка Македонија“. 

Организирање нови избори и спроведување попис побараа учесниците. 

Ова е 37-ми ден по ред како граѓани протестираат во Скопје и други градови во Македонија, за отфрлање на Тиранска платформа. За оваа платформа велат дека води кон воведување на двојазичност и федерализација на државата. 

„Нашето излегување на улица значи дека сè уште нема Тиранска влада. Нема ниту претседател на Собраниeто кој не се откажал од тиранската платформа. Во Македонија ќе има влада која ќе работи по програма гласана на избори. Ако сака да работи по платформа која ја нема во програмата, тогаш треба да се оди на избори“- вели Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“.

Тој рече дека нема да дозволат на никој да направи промена на државното знаме кое се истакнува на сите празници. 

Слично

Поврзани вести