„За заедничка Македонија“ бара избори, попис, отфрлање на Тиранската платформа
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ попладнево го одржа 68-тиот протестен марш.
Тие бараат зачувување на унитарноста на Македонија, отфрлање на Тиранската платформа, избори и попис.
Од иницијативата бараат државните институции да ги почитуваат законите и да ги ослободат луѓето кои се обвинети за нередите во Собранието кои се случија на крвавиот четврток. Тие што го бранат Уставот сега се во притвор, а тие што го кршат во Собрание, порачаа организаторите.
Организаторите најавија дека протестите ќе продолжат во понеделник.
Слично
