„За заедничка Македонија“ 66 ден на улица - бараат избори
Иницијативата „За заедничка Македонија” вечерва одржа уште еден протестен марш 66-ти по ред во Скопје.
Тие го изразија своето незадоволство од Тиранската платформа, изборот на новиот спикер во Собранието, Талат Џафери и побараа распишување на нови избори. Велат дека нема да се дозволи кршење на Уставот.
На протестот беше присутно зголемено полициско обезбедување.
Протести вечерва имаше во Куманово, Штип, Битола, Кичево и други градови.Инаку еден од организаторите, Игор Дурловски утрово на Фејсбук напиша дека веќе нема да биде организатор затоа што го скршиле неговите сограѓани со своите ставови за Македонија.
Слично
