„За заедничка Македонија“ 65-ти ден на улица - што порачуваат?
Поддржувачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска 65-ти ден протестираат во Скопје.
Се извикува „Македонија“, „Избори“, се пее „Едно име имаме“. Тие се против Тиранската платформа и се залагаат за зачувување на унитарноста на Македонија. Велат дека ќе продолжат да чекорат по патот по кои што тргнале, а тоа е патот на граѓаните кои што се за заедничка Македонија, патот на граѓаните кои што се борат за националните интереси на оваа држава, патот на граѓаните кои што ја сакаат неизмерно Македонија и нема да дозволат никој да ја користи како играчка и да ја води по други патишта од кои нема враќање.
Од иницијативата подготвуваат граѓанска тужба за нефункционалност на државата. Ги повикаа сите добронамерни, стручни лица, правници, филозофи, социолози да се приклучат во формирање тим кој ќе ја подготви тужбата со која ќе бараат правдата пред меѓународниот суд.
