Економија, финансии, бизнис

Контакт

„За заедничка Македонија“ 36-ти ден протестира, овој пат пред канцеларијата на ЕУ

„За заедничка Македонија“ 36-ти ден протестира, овој пат пред канцеларијата на ЕУ

Иницијативата „За заедничка Македонија“ по 36-ти пат излезе на протест во Скопје. 

Поддржувачите на оваа иницијатива ќе протестираат пред канцеларијата на Европската унија. 

На денешниот протест се придружија и фолклорните друштва, гајдаџиите, зурлите, тапаните како и самите играорци.

„По 36 пат откако излеговме на улиците за да го бараме она што ни следува.  Веќе започна шестта недела, 36-ти ден денеска одиме со малку изменета  маршута, само по левата лента на булеварот Климент Охридски и застануваме пред канцеларијата на Европската унија“ - изјави Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“. 

Учесниците на протестот бараат Европската Унија да ја отфрли платформата од Тирана која задира во унитарниот карактер на државата и со која се предвидува двојазичност. 

Воедно бараат да не се дозволи на чело на Собранието да застане човек кој нема да ја отфрли платформата. 

Слично

Поврзани вести