Економија, финансии, бизнис

Контакт

За време на потпишувањето на билатералниот договор меѓу Македонија и Бугарија, членови на бугарската ВМРО протестираа

За време на потпишувањето на билатералниот договор меѓу Македонија и Бугарија, членови на бугарската ВМРО протестираа

Како што е објавено на веб страната на бугарската партија ВМРО тие се собрани пред седиштето на Бугарското Министерство за надворешни работи. 

„Не ја предавајте Македонија!“ е нивниот слоган, а претставниците на ВМРО се предводени од двајца од копретседателите на партијата, Ангел Џамбазки и Александар Сиди. 

Тие како што посочуваат се собраа на протест пред Министерството за надворешни работи по повод претстојното потпишување на протоколот меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, поврзан со т.н. Француски предлог.

За потсетување во Софија денеска министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија. Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување.

Покрај министерот Османи, во состав на македонската делегација се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание. 

Фото: Принскрин/ВМРО.бг

Слично

Поврзани вести