Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ВОЗАЧОТ НА БЕНТЛИТО НА ПЛОШТАДОТ - обвинителството утврдува дали има кривична одговорност

ЗА ВОЗАЧОТ НА БЕНТЛИТО НА ПЛОШТАДОТ - обвинителството утврдува дали има кривична одговорност

Јавното обвинителство се уште го исртражува случајот со возењето на скопскиот плоштад од пред неколку дена, откри државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешниот онлајн брифинг со новинарите.

Тој рече дека конечна одлчука се уште не е донесена.

„Обвинителството се уште го истражува случајот со возењето на плоштадот во Скопје, ги истражуваме сите причини и сите околности со цел да се утврди дали таму има кривично дело и кое, по што ќе донесеме конечна одлука. Како што е познато, за исто дело не може два пати да се одговара, односно ако се одговарало прекршочно, не може да се одговара и кривично. Но, јавното обвинителство целосно го истражува случакот, и овој случај уште не е затворен, и конечната одлука не е донесена“, рече Јовески.

Како што е познато, возачот на Бентлито од Арачиново, кој ги вознемири граѓаните на плоштадот, беше казнет со сума од само 45 евра. 

Слично

Поврзани вести