Економија, финансии, бизнис

Контакт

За ВМРО-ДПМНЕ СДСМ немаат капацитет по ветувањето за отворање фирми со едно евро влог

За ВМРО-ДПМНЕ СДСМ немаат капацитет по ветувањето за отворање фирми со едно евро влог

Партијата која затвори 684 фабрики и остави на улица 200.000 работници, сега зборува за поддршка на фирмите во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ по соопштението од СДСМ за брзо отворање фирми со само едно евро влог.

„Нивниот капацитет за водење на економија можеме да го видиме и во општините Куманово и Струмица. Да умееше поразениот СДСМ да стимулира фирми ќе видевме во Струмица нешто во индустриската зона Сачево, која сѐ уште зјае како празна ливада. На лажните душегрижници од СДСМ им порачуваме дека ВМРО-ДПМНЕ во континуитет дава поддршка на македонското стопанство. Досега преку кредитната линија на ЕИБ, Македонската банка за поддршка на развојот обезбеди 350 милиони евра со кои се поддржаа околу 6.000 проекти и со кој се обезбедија околу 7.000 работни места. Во новата програма Реално се предвидуваат дополнителни 101 милион евра за истата намена“- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ денеска најави кредити до 15.000 евра за почнување микро бизнис со само еден процент годишна камата и можност граѓаните брзо и едноставно да отворат фирма со само едно евро влог.  Од партијата велат дека ќе ги поддржат домашните фирми со државна помош 100 пати повисока од сега и во првата година таа ќе изнесува 20 милиони.

Слично

Поврзани вести