Економија, финансии, бизнис

Контакт

За ВМРО ДПМНЕ само избори се спас од кризата

За ВМРО ДПМНЕ само избори се спас од кризата

Владеачката партија уште еднаш го повторува ставот дека само избори ќе ја извлечат земјава од кризата.

Тие во денешното соопштение му порачаа на Заев  дека може да тргува со сопствените интереси. „Заев може да се пазари и со интересите на партијата што ја води се додека има поддршка од уценетото криминогено раководство.

Зоран Заев не може и не смее да тргува со националните и државни интереси само за да си ја спаси кожата и да не одговара за криминалите што ги сторил.

Народот секојдневно гледа како полицијата апси трговци на дрога, лица со кои тој работел во кампања. Народот воочи дека аболицираниот криминалец Зоран Заев е спремен на се, само за да дојде до власт за да се спаси од крималниот прогон.“, соопштуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму велат дека се загрижени од протестите на револтираниот народ.

„Народот се чувствува навреден и изигран од страна на СДСМ, кој пред изборите најавуваше план за живот, а после избори започна да реализира план за разнебитување на Македонија, базиран на неуставната Тиранската Платформа.

Граѓаните се чувствуваат излажани и изиграни, бидејќи СДСМ под превезот „За живот“ им донесе двојазичност и федерализација на државата.“, соопштија од партијата на ВМРО ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести