Економија, финансии, бизнис

Контакт

За ВМРО-ДПМНЕ референдумското прашање манипулативно, Тунтев повика на обединување

За ВМРО-ДПМНЕ референдумското прашање манипулативно, Тунтев повика на обединување

Пратеникот oд ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, денеска на собраниска седница рече дека опозицијата има поднесено два амандмани за предлог одлуката за распишување на референдум. 

Вели дека предложеното референдумско прашање не е прецизно и дека ги манипулира граѓаните.

Според него, тоа што референдумот е консултативен отвора можност власта да го толкува резултатот како сака.

„Дали ако нема цензус, а повеќето граѓани гласаат „за“, тоа може да се толкува како одобрување и институциите да продолжат со реализација на овој договор? Мое мислење е дека тоа е целта“ – рече Мицевски.

Вели дека вака поставеното прашање ќе бара три ливчиња, затоа што според закон секое прашање треба да стои на посебно ливче.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев е свесен дека ова прашање е болно, но вели дека друга можност немаме и повика на обединување. 

„Пред нас ја имаме шансата да изградиме европска иднина за нашите деца“ – рече Тунтев.

Тој ја повика опозицијата, како што рече, „да дадеме придонес во овој мозаик“.

Слично

Поврзани вести