Економија, финансии, бизнис

Контакт

За викендот на повеќе места ќе има пороен дожд, а можно е и невреме со град

За викендот на повеќе места  ќе има пороен дожд, а можно е и невреме со град

Метеорологот Славчо Попоски вели дека за време на викендот во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна појава на невреме проследено со силен ветер и со појава на град. Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени. Утре времето во Македонија ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови во планинските предели не се исклучува можноста за појава на локален краткотраен пороен дожд со грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. И во Скопскиот регион утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 29 степени.

Слично

Поврзани вести