За викендот циклонот Хектор ќе ја зафати Македонија
Под влијание на циклонот по име Хектор за време на овој викенд не очекува нова голема промена на времето, вели метеорологот Славчо Попоски.
Во сабота ќе биде невообичаено топло, спарно, тешко и многу ветровито со засилен до силен ветер од јужен правец кој локално ќе достигнува брзина дури до околу 100 км/час.
„Времето ќе биде променливо облачно, а веќе од попладневните часови најпрвин на запад, а подоцна насекаде ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни и локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. На повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека локално можни се интензивни атмосферски процеси проследенисо засилен ветер, електрични празнења и услови за град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени“ - додава Попоски.
На граѓаните им се советува во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат надвор и под осамени дрвја, додека на овчарите треба своите стада да ги заштитат поточно да ги делат во помали групи.
