За Весли Кларк лидерот на ДУИ, Ахмети е жива легенда
Али Ахмети е жива легенда, рекол поранешниот врховен командант на НАТО, генерал Весли Кларк, за претседателот на ДУИ.
Кларк му кажал на Ахмети дека има легендарна улога во градењето на државата.
„Вие Ахмети сте вистинска легенда. Изградивте партија што се претвора во ’рбет на стабилноста на земјата. Фасцинантна трансформација за оваа земја која можеше да заврши со нестабилност, стана моќна држава на стабилноста“, изјавил Кларк.
Тие разговарале и за членството на Македонија во НАТО, помошта што САД ја дале, за конструктивната улога на земјата, градењето на еднакво општество и предизвиците што ги има земјата на патот кон интеграцијата во Европската Унија.
Слично
