Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Велигденската трпеза оваа година ќе треба да си го „одврзете ќесето“ – Еве колку пари ќе ве чини!

За Велигденската трпеза оваа година ќе треба да си го „одврзете ќесето“ – Еве колку пари ќе ве чини!

Со доаѓањето на најголемиот христијански празник – Велигден, православните семејства сѐ повеќе се подготвуваат и набавуваат производи за да имаат богата трпеза, полна со домашни вапсани јајца, јагнешко или свинско месо и бројни слатки деликатеси.

Традиционално се купуваат јајца, кои се бојадисуваат на најразлични начини и во шарени бои со најнови техники. А трпезата секогаш е збогатена со некое сочно приготвено парче месо, што најчесто е јагне, но, може да се најде и свинско месо како Велигденски специјалитет.

Тука е и милибродот, домашните колачи, торти и слично од кои буквално ќе барате парче повеќе.

Но, колку ќе ги чини празнувањето на Велигден оваа година Македонците?

Локалните зелени пазарчиња сѐ уште остануваат како симбол на органска домашна храна која се продава по значително пониски цени отколку во маркетите.

Оваа година ако сакате на вашата трпеза да имате јагнешко месо ќе треба да го „отворите ќесето“. За килограм јагнешко месо ќе треба да платите некаде од 630 до 750 денари за килограм, според цените во маркетите

Свинското месо ќе чини од 500 денари по килограм за свинско каре, свинско ребро околу 360 денари за килограм, свинското филе околу 560 денари за килограм во маркетите.

Јајца

За купување на табла јајца оваа година ќе треба да одвоите од 200 до 350 денари. Според цените во маркетите и видот (M/L  или жолти/бели)  јајцата чинат од 200 до 300 денари за табла со 30 јајца.

Додека пак, на пазарите цените на јајцата се движат од 280 денари до 330 за табла јајца (секако во зависност од видот). Но сепак, ова не ги спречи Македонците да направат редици на пазарите за да купат табли јајца.

Приватна архива

Зеленчук и овошје

Трпезата нема да биде целосна доколку на неа не се најде и некоја чинија со свежа салата или тазе овошје. 

Оваа година ако сакате да направите шопска салата во која доматите нема да имаат вкус, ќе треба да дадете над 230 денари по килограм. Краставиците на зелените пазарчиња се движат со цени од 80-100 денари, а кромидот околу 30-40 денари.

Приватна архива

А ако сакате да направите компир салата, овој зеленчук ќе ве чини 40 денари по килограм.

Веројатно сите се вљубуваме секоја пролет кога ќе ги видиме прекрасните црвени јагоди кои можеби не ветуваат со својот вкус, но со изгледот - сигурно. Едно канче јагоди може да купите од 70 до 150 денари на пазарите, а во маркетите цени стигнуваат и до 180 денари по канче.

На неколку километри од Скопје: домати и пиперки со поевтини цени од скопските

Фото: приватна архива

РЖМ/ Јована Трајковска


Слично

Поврзани вести