Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Велигден дожд, нестабилност, а можно е и невреме

За Велигден дожд, нестабилност, а можно е и невреме

Метеорологот Славчо Попоски најави дека за Велигден ќе имаме дождливо време. 

Под влијание на Фронтален систем од запад, во петок, како и за време на најголемиот Христијански празник, Вовсресение Христово – Велигден, времето во Македонија ќе биде доста нестабилно, на повеќе места со попладневен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Повремени врнежи ќе има и во претпладневните часови.

Поради повремениот пад на температурите, ќе се создаваат услови за повремени врнежи од снег на високите планини.

„Можна е појава на локално невреме, проследено со силен ветер, електрични празнења и локална појава на град. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 17 степени во најтоплите централни и југоисточни предели. И во Скопскиот регион ќе има повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат поинтензивни. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 20 степени само утре, а потоа температурата повторно ќе биде пониска“, вели Попоски.

Додава дека нема на видик долготрајна стабилизација на времето и високи пролетни температури, што значи дека продолжува доста променливото време, со почести врнежи.

Слично

Поврзани вести