Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ВЕЧЕРВА ЗАКАЖАН АНТИВАКСЕРСКИ ПРОТЕСТ И ВО БИТОЛА - доста им било некој да им наметнува присилна вакцинација

ЗА ВЕЧЕРВА ЗАКАЖАН АНТИВАКСЕРСКИ ПРОТЕСТ И ВО БИТОЛА - доста им било некој да им наметнува присилна вакцинација

Преку Фејзбук, за оваа вечер, е најавен протестен марш во Битола, со почеток од 18 часот од плоштадот „Магнолија“.

Во објавата за протестот стои дека „Доста беше одржување некаков си ‚мир' со духот на млакоста, доста беше рамнодушност која им е во целосен прилог на тие кои сакаат да ги остварат своите задни планови и цели, во кои народот се сомнева и има право да ја знае вистината“ стои во текстот.

Натаму, во текстот се нагласува и дека е доста од забрани и поделби, услови и закани со цел наметнување на прислна вакцинација. 

Организаторите тврдат дека протестот нема ниту политички, ниту национален, ниту религиозен каратнер, и е со цел да се почитува сопствениот избор.

Слично

Поврзани вести