За вакцините на АстраЗенека уште нема промени дали ќе се даваат и на помлади, експерти ќе анализираат искуства и од други земји
На експерти од земјава им е даден налог да се следат сите публикации и студии за вакцините на АтраЗенека, во смисла на тоа дали може да се даваат и на помлади лица, и тоа не само од Германија, туку и од Канада, Италија и други држави.
Ова го потврди министерот за здравство Венко Филипче.
Како што е познато, Германија вчера најави дека ќе ја дозволи вакцинацијата на Астра Зенека за сите возрасти.
Кај нас засега нема промени околу ставот за Астра Зенека, најави министерот Венко Филипче. Впрочем, во нашата земја кај нас нема повеќе вакцини од овој производител.
„Прво сите 24 илјади вакцини на Астра Зенека се веќе дадени. Нема промени, кај нас вакцината Астра Зенека е дадена на постарите граѓани, и тие дози се веќе потрошени. Нема да се земаат само во предвид искуствата од Германија, туку и од други земји. Ќе се анализираат и другите публикации и ставови, и врз основа на тоа ќе носиме одлуки. Засега нема промена во ставот“, рече Филипче.
