Економија, финансии, бизнис

Контакт

За вакцини против коронавирусот се преговара со повеќе компании

За вакцини против коронавирусот се преговара со повеќе компании

Дадена е согласност за преземање обврски за обезбедување вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации за наредните три години. Oва е одлука од 37-та седница на Владата. 

Владата денеска го разгледа и усвои и Записникот од последниот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, при што министерот за здравство Венко Филипче ги информираше и членовите на Владата за она што претходно беше објавено во јавноста, односно дека по интензивни преговори се обезбедени количини на вакцини за цела 2021 година од компанијата „Фајзер“. Се очекуваат првите над 5.800 вакцини и во тек се преговори и со други компании. 

Филипче информираше дека е намален притисокот на болниците и дека капацитетите за сместување на ковид болните лица се полупразни. Констатирано е дека мерките кои ги донесе Владата во последниот период, а кои се однесуваат на намалување на ширењето на вирусот КОВИД донеле резултати.

Најавата дека дури 800.000 вакцини од компанијата Фајзер ќе добие Македонија, голем дел од граѓаните ја пречекаа со вистинско олеснување, но и за дел од нив, првата количина од само 5.850 која ќе пристигне во февруари е премалку.

Слично

Поврзани вести