Економија, финансии, бизнис

Контакт

За узурпаторите на плажите под лупа и поранешните градоначалници на Охрид?

За узурпаторите на плажите под лупа и поранешните градоначалници на Охрид?

Тројца градоначалници и други лица кои биле дел од раководството на Охрид во претходните мандати, но и фирми и инспекции во следниот период ќе бидат под опсежна анализа на државните институции, пренесува Охрид 1, цитирајќи владини и општински извори. Се тврди дека ќе се испитува како се дозвоилило фирми со години да узурпираат јавен простор и плажи, но и зошто инспектори и други надлежни тоа не го санкционирале. Во тек е акција за чистење на охридските плажи од узурпаторите. 

Охридскиот медиум јавува дека проверките направени во официјално пријавените финансиски биланси покажале дека еден угостителски објект лоциран на дел од брегот непосредно до урбаната зона на Охрид од 2017 година до 2020 година остварил приходи од над 190 милиони денари ( над 3 милиони евра ), додека друг угостителски објект кој е во близина за разлика од првиот остварил далеку помали приходи од само над 1 милион денари и имал само еден вработен.

Милионски приходи остварил и угостителски објект кој противзаконски узурпира плажа во урбаната зона на Охрид,  во самиот град, а кој остварил над 60 милиони денари (над 1 милион евра).   

Медиумот јавува и дека сите откриени податоци институциите најверојатно ќе ги презентираат јавно, по што јавноста сама ќе има можност за конкретни угостителски објекти да добие претстава колку пари заработувале, а со години ништо не плаќале.

Слично

Поврзани вести