Економија, финансии, бизнис

Контакт

За убиството во Чаир приведени три лица

За убиството во Чаир приведени три лица

Приведени се три лица осомничени за вчерашното убиство на момчето во Чаир, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Се очекува во текот на истрагата да се дознаат мотивите на извршителот и да се обезбедат докази. 

„Работиме интензивно со групата на СВР Скопје и Обвинителството. Најдено е возилото „југо“ од кое е извршено убиството, како и 20 чаури и четири зрна, два мобилни телефона. Се разговара и со роднините, пријателите и луѓето кои биле во контакт со убиениот“ - вели Спасовски. 

Министерот рече  дека овие настани не можат да се превенираат ниту со присуство на полицајците на улиците. 

Момчето на возраст од 24 години вчера е убиено во Чаир кај училиштето „Цветан Димов“. 

Полицијата го пронашла автомобилот Југо, од кој вчера  напаѓачот пукаше. 

Автомобилот е пронајден на улицата „Никола Малешевски" во населбата Топана. 

Мотивите за убиството сè уште не се познати.

Според Обвинителството, на убиството во Чаир му претходела вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот.

Слично

Поврзани вести