Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: На 30-ти месецов почнува судењето

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: На 30-ти месецов почнува судењето

Поминаа речиси осум месеци од свирепото убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Македонската јавност се уште е во шок од случајот и желно се обидува да ги пронајде причините за ова грозоморно убиство во кое обвинети се повеќе лица.

Конечно, пред лицето на правдата осомничените ќе излезат на 30 јули. Ќе им се суди на Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов. Обвинети се дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата. Според обвинението, нивна цел била да присилат член на потесното семејство на девојчето да даде парични средства за нејзин откуп.

Иако нема официјални информации, во јавноста веќе наголемо се шпекулира дека обвинителството за тројцата осомничени ќе побара највисока затворска казна, која всушност значи доживотен затвор.

На обвинителната клупа ќе седне и таткото на малолетното девојче, Александар Ѓорчевски. Тој е обвинет дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка. Максималната казна за ова дело изнесува десет години затвор.

Овој деликатен случај кој ја потресе јавноста но и целиот регион ќе треба да го реши судијата кој судеше и во случајот „Монструм“, Ивица Стефановски.

Она што досега е познато во јавноста е дека се таткото кажа дека е невин и дека нема никаква врска со киднапирањето на неговата ќерка.

Тројцата осомничени пред полицијата кажаа дека Љупчо Палевски Палчо бил организатор на грабнувањата и извршител на убиствата и тој им кажал дека информациите за движењето на Вања му се од нејзиниот татко.


Слично

Поврзани вести