Економија, финансии, бизнис

Контакт

За три дена 34 сообраќајки во Скопје

За три дена 34 сообраќајки во Скопје

За време на викендот на подрачјето на СВР Скопје се регистрирани 34 сообраќајни несреќи.

Сообраќајната полиција на 8 април, петок, изврши увид на 14 сообраќајни незгоди, од кои 7 се со последица материјална штета и 7 се со телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле 10 лица.

Драган М. Велјаноски од СВР – Скопје,  информира за МИА дека на 9 април, сабота, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои 7 се со последица материјална штета и 4 се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле 4 лица.

Вчера извршен е увид на вкупно 9 сообраќајни незгоди. Од нив 5 се со последица материјална штета и 4 се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 8 лица.

Слично

Поврзани вести