Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Трајанов има спорни точки, ги спомена Диво Насеље и Монструм

За Трајанов има спорни точки, ги спомена Диво Насеље и Монструм

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, вели дека има спорни точки во она што го договориле премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

„Има и спорни точки од договорот меѓу Зоран Заев и Африм Гаши, особено оној дел што се однесува на некаква си меѓународна експертиза за тешки судски случаи. Тоа не може да биде предмет на политички договор“, изјави претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов кој вечерва гостуваше на ТВ Сител.

Вели дека случајот Диво Насеље е класичен терористички акт во кој осумина припадници на полицијата загинаа, случај кога беше загрозен територијалниот интегритет на нашата држава и за тоа не може да се бара помош од странство. И за случајот Монструм имавме повторено судење. 

Слично

Поврзани вести