Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Тортевски најголемата одговорност за бегството е кај МВР

За Тортевски најголемата одговорност за бегството е кај МВР

Најголемата одговорност е кај МВР, без разлика на тоа дали е побаран притвор од обвинителството или не, изјави адвокатот Александар Тортевски за време на вечерашното гостување на Топ тема на ТВ Телма.

„Груевски не беше присутен на објавување на пресудата. Тој најверојатно тогаш веќе беше во странство. И се врати. И во овој случај имаше спортска шанса од три дена за Груевски да бега“, вели тој. 

Според него, кривичното дело за случајот „Тенк“ е благо и за него не се бара притвор. Но, Груевски е обвинет во други случаи, а е еден од осомничените за случувањата на 27 април минатата година, што е сомневање за сериозно кривично дело. 

Слично

Поврзани вести