Економија, финансии, бизнис

Контакт

За телото на давеник пронајдено во Грција се препоставува дека е на Илија Минов од Гевгелија

За телото на давеник пронајдено во Грција се препоставува дека е на Илија Минов од Гевгелија

Тело на давеник пронајдено во соседна Грција се претпоставува дека е на исчезнатиот  Илија Минов од Гевгелија. 

Основното јавно обвинителство во Гевгелија денеска информира дека пред три недели од Интерпол добиле известување дека во водите на реката Вардар кај градот Поликастро во Грција е пронајдено тело на давеник за кое се претпоставило дека е можно да му припаѓа на гевгеличанецот Илија Минов (59). Него блиските го пријавила дека е исчезнат пред пред два месеци.  Неговата сопруга заминала за Солун каде по извршениот увид препознала делови од облеката и обувките кои му припаѓале на Минов. 

Од Основното јавно обвинителство во Гевгелија соопштија дека според меѓународните протоколи е потребно преку македонското Министерство за правда да се направи споредбена ДНК анализа, која со сигурност може да потврди дека станува збор за телото на исчезнатиот Минов. 

Слично

Поврзани вести