ЗА ТЕФЕРИЏ СЕ ОГЛАСИЈА И ОД КИСЕЛА ВОДА: „Граѓаните да користат алтернативни патишта до изнаоѓање на решение“
Откако градоначалникот на општина Сопиште излезе со соопштение до граѓаните да не го користат патот кај Тефериџ заради тоа што не е безбеден, со иста препорака се огласија и од Кисела Вода.
„Почитувани, Сакаме да ве информираме дека поради новонастанатата ситуација на патот кон Теферич (ул. "Мариовска"), каде истиот тоне и на дел од конструкцијата на патот се појавени распукнатини, тој е затворен за сообраќај, од безбедносни причини до отстранување на проблемот. Ги замолуваме граѓаните за трпение и за користење на алтернативни патишта се до изнаоѓање на решение за надминување на оваа ситуација“, информираа општинските власти.
Слично
